Зголемена побарувачката на кредити

Bez autora
Jul 04 2011

Значителен дел од банките, околу 71,3 отсто, оцениле дека побарувачката за кредити од претпријатијата е делумно зголемена, наспроти 46,8 отсто во претходната анкета, спроведена од Народна банка на Македонија. Според согледувањата на банките за второто тримесечје од годинава, сите очекуваат да продолжи зголемувањето на кредитната побарувачка, при непроменети услови за одобрување кредити. Тоа укажува на одредена промена во однос на претходната анкета кога очекувањата на банките беа поделени меѓу непроменетост и делумно олеснување на условите, односно зголемување на побарувачката. Што се однесува до населението, најголем дел од банките укажале на делумно олеснети кредитни услови, за разлика од претходната анкета кога тие беа оценети, главно, како непроменети. Така, 54,2 отсто од банките укажаа на делумно олеснети услови за одобрување станбени кредити, наспроти 28,7 отсто во претходниот период.

Зголемена побарувачката на кредитиЗначителен дел од банките, околу 71,3 отсто, оцениле дека побарувачката за кредити од претпријатијата е делумно зголемена, наспроти 46,8 отсто во претходната анкета, спроведена од Народна банка на Македонија.

Според согледувањата на банките за второто тримесечје од годинава, сите очекуваат да продолжи зголемувањето на кредитната побарувачка, при непроменети услови за одобрување кредити. Тоа укажува на одредена промена во однос на претходната анкета кога очекувањата на банките беа поделени меѓу непроменетост и делумно олеснување на условите, односно зголемување на побарувачката.

Што се однесува до населението, најголем дел од банките укажале на делумно олеснети кредитни услови, за разлика од претходната анкета кога тие беа оценети, главно, како непроменети. Така, 54,2 отсто од банките укажаа на делумно олеснети услови за одобрување станбени кредити, наспроти 28,7 отсто во претходниот период. Притоа, кај потрошувачките кредити во оваа насока се определиле 83,5 отсто од банките. Во однос на побарувачката, како кај претпријатијата, така и кај населението, забележан е зголемен број банки што очекуваат делумно зголемена побарувачка за кредити од населението, од 28,7 отсто, на 83,5 отсто во второто тримесечје.

Според анкетата на НБМ, околу 70 отсто од банките не очекуваат поголеми промени во кредитните услови, додека останатите се надеваат на нивно благо олеснување. Од аспект на побарувачката, сите банки очекуваат зголемена побарувачка на станбени и на потрошувачки кредити, наспроти 71,3 отсто во претходната анкета.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik